МАКЕДОНИЈА

Скопскиот аеродром од денеска станува „тивок аеродром“

Меѓународниот аеродром Скопје од денеска, 3-ти февруари, ќе го воведе концептот на „тивок аеродром“, со што повеќе нема да се емитуваат гласовни најави за летови преку разгласот. Исклучок ќе биде единствено објавата за почеток на качување во авион (бординг) кај излезите.

Aerodrom Skopje

Аеродромската управа апелира до патниците редовно да ги следат екраните и мониторите на терминалот, каде што се прикажуваат сите релевантни информации за летовите. Исто така, патниците треба да внимаваат на своите карти за качување и известувањата што ги добиваат од авиокомпаниите.

„Веруваме дека намалената бучава дополнително ќе го подобри патничкото искуство на аеродромот“ – велат од аеродромската управа.

Напишете коментар

Back to top button
close