Пржените тиквички можат да бидат идеален пролетен ручек, лесен и заситувачки. Тие се вкусни и лесни за правење. Во оваа верзија акцентот е ставен на начинот на сечкање пред пржење, но и на преливот.
Потребни состојки:
- 3-4 тиквички
- 200-250 грама брашно
- сол, сув зачин, црвен пипер, бибер, оригано…
- 5 јајца
- масло за пржење
За прелив:
- 1 китка магдонос или копар
- 4-5 чешниња лук
- бибер, оцет
Начин на подготовка:
Тиквичките се сечат до дршката за да може од нив да направите зепеза, значи треба да бидат споени на едната страна.
Потоа се валкаат во презла од брашно, јајца и зачини.
Валаните тиквички ставете ги на масло да се пржат додека не поруменат.
Се сервираат со прелив од ситно сечкан магдонос или копар, лук и јаболков оцет.