РЕЦЕПТИ

Полнети пиперки со сланина

Комбинацијата од сланина, сирење и кулен на полнетите пиперки им дава неодолив вкус, а особен шмек дава крцкавата кора.

Потребни состојки:

  • 4 пиперки (црвени или бабури за полнење)
  • 100 гр сува сланина
  • 50 гр шунка
  • 50 гр парчиња сирење
  • 50 гр кулен
  • 100 гр фета сирење
  • домати

Полнети пиперки со сланина

Начин на подготовка:
Измијте ги пиперките и извадете ги семките, исечкајќи ги малку. Во нив прво ставете шунка, еден лист, круг кулен фета сирење и кашкавал.

Затворете со парче домат. Завиткајте ги од надворешна страна со ленти сува сланина. Се редат во тавче (масло не се додава бидејќи сланината е мрсна и ќе пушти малсо). Покријте и печете на 220 степени додека не порумени од двете страни. Послужете топло.

Напишете коментар

Back to top button
close