Чоко-малина торта е одличен избор за благо освежување во секој период од годината. Не треба печење па времето за приготвување е одприлика 30 минути.
Потребни состојки:
1 дел:
- 500 мл. блага хопла
- 300 гр. чоколада за готвење
- 1 лажичка органско како (може а и не мора)
2 дел:
- 500 гр. малини
- 5 лажици шеќер (или 4 мали лажички стевиа)
- 2 кесички ванилин шеќер
- 2 кесички пудинг од ванила
- 300 мл. вода
3 дел:
- 300 гр. мелени плазма бисквити
- 125 гр. путер
- 5 лажици пресно млеко
Начин на подготовка:
- Се припремува првиот дел. Хоплата се загрева и во неа се додава чоколадото за готвење и какото. Се готват на тивок оган околу 5 минути. Се остава на страна да се лади.
- Во друг сад на оган се ставаат малините и шеќерот, се додава 100 мл. вода и се готват 5 мин. Пудингот се раствара во 200 мл. вода во друг сад и се додава на малините. Се готви уште 5 мин додека не се добие густа смеса, се додава ванилин шеќер и се трга на страна да се лади.
- На тивок оган се растопува путерот, се додава млекото и се додаваат мелените бисквити. Смесата се меша и се распоредува во тавче или калап за торта, се утапкува со лажица или чаша (со дното) за да се направи поцврст слој. Се истура филот со малини, се распоредува и на крај се истура чоколадниот фил. Се остава во фрижидер да се излади и се сервира.
Ве очекуваме со импресии во коментар…