Прескокни до содржината

недела, 25 октомври 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

Од вечерва започнува летно сметање на времето

Вечерва (31 март) започнува летното сметање на времето. Па така, со поместување за еден час нанапред, времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот.

летно сметање на времето

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 3 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3 часот, се смета како 2 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот. Во Македонија, која беше дел од Југославија, летното сметање на времето се користи од 1983 година, а по осамостојувањето, од 1996 г. е регулирано со Законот за сметање на времето.

Споделете:
Реклама

Најнови на Турлитава