Нов музички проект кој ги чува корените: Започнува серијалот „АМАНЕТ” со Дамјан Стојаноски

Во изминатиов период се снимаше новиот музички серијал наречен „АМАНЕТ” со Дамјан Стојаноски. Ова претставува едно вистинско освежување на македонската фолк сцена. Многу убави македонски песни ќе бидат спасени од заборав, а и оние кои им се веќе познати на слушателите, вака „спакувани” во нов аранжман со изворни македонски инструменти, отсвирени и испеани во живо, ќе добијат една поинаква тежина.

amanet1

Во овие шест епизоди кои се снимени досега ќе слушнете преку 30 песни. Дамјан е во улога на домаќин, а во секоја од епизодите има по еден гостин.Гостите се негови блиски луѓе од музичкиот свет и од професорската фела, кои го носат и го чувствуваат истиот „аманет” како и самиот тој. Покрај разговорите и песните, во секоја епизода ќе има и посебен дел (рубрика) посветен на великанот Војо Стојаноски.

amanet4

„АМАНЕТ не е само музика и не се само песни. Ова е мојот начин да му се оддолжам на минатото и да оставам трага за генерациите што доаѓаат после нас”, вели Дамјан.

Зад целиот овој обемен и професионален проект стои докажана екипа. Во секоја епизода музичката придружба е во изведба на ВИС „Аманет” под водство на Андреј Трајковски, аудиото е снимено, миксано и мастеризирано од Кристијан Јаневски, додека за врвната видеопродукција се погрижи „АРТ Студио”.

amanet7

Официјалната премиера на првата епизода е закажана за оваа недела во 20:00 часот на официјалниот YouTube канал на Дамјан Стојаноски.

- Advertisement -
9.309 следбеници
следете

НАЈНОВИ