Новиот музички проект „Нутела“ на нашиот познат артист Тајзи , заедно со видео записот го освојува Балканот. Текстот на песната е на Тајзи, а музиката е заедничко дело со Лазар Цветковски, кој се потишува и на аранжманот. Песната е објавена на музичкиот канал на издавачката куќа Балкатон, во сопственост на српскиот пејач Раста.
Видео записот е изработен од Даниел Јовевски, директор на фотографија е Кристијан Теодоров, додека сценариото и режијата се на Драган Величковски Тајзи. Спотот е снимен во Гевгелија, а во него учествуваат и десет девојки од модното студио „Црнокрак“.
Само во изминатиот период, Тајзи се јавува како автор на десет текстови на познати песни кои се вртат на ТВ и радио станиците низ регионот, а „Нутела“ е 26-ти видео запис на пејачот, од кои дваесет се со милионски прегледи.
„Сите други се крем само таа е Нутела е метафора дека парите, гламурот, славата, трката до врвот се минлива работа. На крајот маските ќе паднат, а љубовта е таа што не движи и што му дава смисла на животот. Среќата се крие во мали работи. Мило ми е што оваа песна е во соработка со Балкатон, затоа што Србите секогаш се позитивно изненадени кога со Даниел Јовески ќе им испратиме нов проект. Не застанувам тука, подготвувам уште многу нови работи“ – вели Тајзи за својот нов летен хит.