МАГАЗИН

По повод 40-годишна соработка со Ромео Грил, Калиопи денеска го промовираше новиот албум насловен како „Албум“

Посветен на 40-годишнината од нејзината соработка со Ромео Грил, автор на нејзините најголеми хитови, некогашен сопруг и татко на нивниот син Пако, Калиопи денеска точно напладне, пред голем број пријатели, колеги, соработници, обожаватели и нејзини поддржувачи, во ресторанот „Воденица – Мулино“ во Скопје го промовираше својот најнов албум насловен како „Албум“.

Kaliopi - Album

На албумот се наоѓаат 10 песни, од кои две и се веќе познати на публиката. Минатата година албумот го најавија дуетската песна “Знам” (со Жељко Самарџиќ) и песната “Кад осване”, кои во меѓувреме ги освоија срцата на публиката. Премиерно, на промоцијата беа пуштени видета за четири песни од новиот албум: „Ела“, чија видео приказна е снимена неодамна во Охрид, „Казна“, песна снимена во соработка со Слаткаристика, кои се на македонски јазик, и на нумерите „Зашто“ и „Дај ми комад душе“, кои се на српски јазик. Истовремено овие мелодии, можеа да се слушнат насекаде во регионот и пошироко, бидејќи беа споделени на официјалниот мзуички канал на нашата поп дива.

Калиопи - Албум

Ромео е автор на скоро сите песни, тој ги потпишува и музиката и текстот, аранжманите, а свири и на бас гитара, на клавијатури, програмира и многу други работи. Спотовите се во продукција на студиото „Мелем“, а режијата е на Огнен Шапковски.

По неколку години пауза, Калиопи првпат запеа пред скопјани во април, на концертот на Жељко Самарџиќ во салата „Борис Трајковски“, каде заедно ја испејаа песната „Знам“, што исто така се најде на новиот албум, како и нејзиниот најголем хит „Роѓени“ (Бато), и двете ги потпишува Ромео Грил.

Калиопи - Албум

Во рамките на одбележувањето на јубилејот, предвидени се два големи концерти на Калиопи пред македонската публика. Првиот е во Битола на 20 јули, во амфитеатарот на Херкалеа, а вториот во Скопје во салата „Борис Трајковски“ на 19 октомври.

Напишете коментар

Back to top button
close