Приказната за мачорот Томи и глувчето Џери, кои живеат во иста куќа и постојано се надмудруваат еден со друг, редовно завршувала така што Том останал бесен, а Џери успевал да стигне до посакуваната цел, со многу бркање и смешни ситуации.
Дуото е измислено во одделот за анимација на МГМ, каде работеле авторите Бил Хана и Џо Барбера, кои се обиделе да го постигнат успехот на другите студија кои постигнале успех со ликови како Мики Маус и други, пренесува Би-Би-Си. Писателите, кои во тоа време беа под 30 години, почнаа да размислуваат за своите идеи, Барбера рече дека му се допаѓа едноставниот концепт на цртан филм за мачка и глушец со тепачки и брканици, иако тоа било направено безброј пати претходно.
Првата епизода беше објавена во 1940 година, имаше огромен успех и дури му донесе на студиото номинација за Оскар за најдобар краток анимиран филм. Со повеќе од девет минути, ова е најдолгиот цртан филм на Том и Џери некогаш направен.
Според Барбера, немало многу дискусија за тоа дали ликовите ќе разговараат, но со големиот успех на немите филмови со Чарли Чаплин, писателите знаеле дека ликовите можат да бидат забавни без дијалог. Во текот на следните 20 години, Хана и Барбера го надгледуваа производството на повеќе од 100 кратки цртани за славните мачка и глушец, за секој од нив беа потребни недели за да се направи и чинеше по 50.000 долари, што резултираше со само неколку популарни цртани филмови секоја година.
„Има нешто во анимацијата. Таа е зимзелена која не избледува. Тоа е како да гледате слика од 18 или 19 век и таа сè уште ви зборува“ – изјави историчарот на цртаните филмови Џери Бек.