Хајди Клум и нејзината ќерка Лени се погрижија сите погледи да бидат вперени во нив во четвртокот кога се појавија на црвениот тепих на 77. Кански филмски фестивал.
Хајди се истакна во екстравагантен розeв фустан, изработен од обемни слоеви на набразден тул. Фустанот се завитка околу нејзината половина додека долниот дел се влечеше по подот. На својот и онака впечатлив изглед додаде големи обетки, а избра и драматична шминка.
Нејзината ќерка Лени ѝ направи контраст на својата славна мајка со тоа што се одлучи за црн фустан во прегратка на фигурата, но не беше помалку впечатлив, бидејќи нејзиниот тоалет имаше бројни шлицови.
Како го коментирате изгледот на мајката и ќерката?