Кореографот на најголемиот музички фестивал во Европа „Ритамот на Европа“ – Милан Милинковиќ е главниот кореограф на новата песна „Антигона“ во изведба на Татиана од соседната српска естрада. Песната денеска официјално беше објавена на каналот за видеа на IDJ videos која за кратко време има милионски прегледи.
Татиана на многумина во БиХ и Србија им е позната како учесничка на натпреварот „Ѕвезде Гранда“, како и по соработката со Марија Шерифовиќ, Милица Павловиќ, Александра Пријовиќ, Јелена Карлеуша, Барбара Бобак и други.
„Многу сум горд што сум кореограф на овој проект. Јас и Татиана сме пред се големи пријатели и ова е само наш почеток. Верувам дека Татиана наскоро ќе биде едно од најголемите имиња на балканската естрада, а наскоро ќе очекуваме и нова соработка“, изјави Милинковиќ.
Милан наскоро најавува аудиција и во нашата држава преку најголемиот музички фестивал во Европа – „Ритамот на Европа“.