Убавина

Домашен рецепт што засекогаш ќе ја промени вашата коса, а сите состојки лесно ќе ги најдете!

Повеќето од нас сонуваат за долга, негувана и убава коса. Тајната е во правилната нега, а во тоа може да ви помогне овој домашен рецепт.

како да ја зајакнете косата

Рецептот е едноставен, а состојките се лесно достапни во продавниците и аптеките:
– Јајца
– Капки од коприва
– Рицинусово масло

Подготовка: Изматете едно сурово јајце со една лажичка раствор од коприва и една лажичка рицинусово масло. Количината на состојките може да ја зголемите или намалите во зависност од должината и густината на вашата коса.

Добро втријте ја смесата во коренот и низ целата коса. Потоа покријте ја главата со најлонска кеса, добро завиткајте и оставете да делува околу 30 минути. Потоа, измијте ја косата на вообичаениот начин со шампон.

Копривата ја подобрува циркулацијата, што е важно за здрав раст на косата. Пантенолот и витамините А и Д од жолчката ја обновуваат кожата на главата, додека рицинусовото масло е препорачано од многу дерматолози за нега на коса.

За видливи резултати потребна е подолготрајна и редовна употреба.

Напишете коментар

Back to top button
close