dm и „Матрона” одржаа бесплатна обука во Скопје за правилна исхрана кај деца и орална хигиена кај трудници и деца

Компанијата dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, одржа бесплатна едукативна и интерактивна обука на тема „Правилна исхрана кај деца во најрана возраст и важноста на оралната хигиена кај трудници и деца”. Настанот се одржа на 17 јуни во „Јавна соба” во Скопје, со присуство на повеќе од 40 учесници.

matrona obuka 1

Обуката беше посветена на две важни теми поврзани со здравиот развој на детето уште од најрана возраст, но и со грижата за здравјето на мајката. Предавањата ги одржаа прим. д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог, и спец. д-р Бојан Ангеловски, стоматолог, кои преку стручни насоки, практични совети и интерактивен пристап се осврнаа на правилната исхрана кај децата, навиките што се формираат во првите години од животот, како и на значењето на оралната хигиена кај трудниците и децата.

Присутните имаа можност директно да разговараат со стручните лица, да постават прашања и да добијат проверени информации поврзани со секојдневната грижа за здравјето на мајката и детето. Како дополнителна поддршка, секој учесник доби и специјален ваучер за 15% попуст за купување на babylove производите во dm продавниците и babylove торба со производи, со што едукативната средба доби и практична вредност за семејствата. Темите предизвикаа интерес кај учесниците, особено поради нивната примена во секојдневието на идните родители, мајките и семејствата.

matrona obuka 3

Оваа едукативна средба е дел од „Караванот на мајчинство”, иницијатива што dm и „Матрона” ја реализираат втора година по ред, со цел да обезбедат поддршка, едукација и охрабрување за мајките, идните родители и семејствата. Годинешното издание на караванот започна со онлајн обука, одржана на 25 февруари, на тема „Првиот оброк: Правилни чекори за безбедна и здрава дохрана на вашето бебе”, продолжи со обуката „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата”, одржана на 23 март, како и со обуката „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед”, одржана на 22 април.

Како дел од годинешната програма, на 20 мај во Битола беше одржана и бесплатна едукативна средба на тема „Од бременост до мајчинство: пренатална едукација и грижа за новороденчето”, со што „Караванот на мајчинство” продолжи и со средби во живо. Настанот во Скопје беше продолжување на оваа практика и овозможи директна едукативна средба со стручни лица, посветена на теми што се важни за секојдневието на современите семејства.

Од dm посочуваат дека целта на оваа иницијатива е да им овозможи на семејствата пристап до релевантни информации, проверени стручни лица и практична поддршка во различни фази од родителството, преку теми што се значајни за здравјето, развојот и секојдневната грижа за најмладите.

dm drogerie markt и „Матрона” и понатаму ќе продолжат со активности насочени кон едукација и поддршка на родителите, со фокус на проверени стручни информации, превенција и унапредување на здравјето на мајките и децата.

- Advertisement -
9.309 следбеници
следете

НАЈНОВИ