Прескокни до содржината

Сабота, 21 ноември 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

Apple сепак го враќа својот евтин iPhone

Apple наводно повторно работи на следната генерација на телефонот iPhone SE.
Според аналитичарот Мингчи Куо, и покрај претходните извештаи дека Apple ја откажал работата на телефонот iPhone SE 4, се чини дека компанијата сепак го ресетирала проектот.

Apple

Реклама
IMG_20261104_145921_204

Куо истакнува дека iPhone SE 4 ќе има OLED дисплеј, кој за прв пат ќе биде имплементиран во буџетската телефонска линија на компанијата, како и 5G модем дизајниран од Apple.

Аналитичарот предвидува дека телефонот ќе биде повеќе или помалку модификација на моделот iPhone 14 од 6,1 инчи и дека би требало да се произведува на почетокот на 2024 година.

Не е познато дали ќе користи некои од премиум функциите од моделот iPhone 14, како што се Emergency SOS преку сателит, Face ID и систем со двојна камера со ноќен режим. iPhone SE од третата генерација ги немаше сите споменати функции.

Интересно, новиот извештај е сосема спротивен од она што Куо го објави во јануари, кога истакна дека iPhone SE 4 е одложен и дека Apple ќе користи Qualcomm чипови за iPhone 15 и 16.

Споделете:
Реклама

Најнови на Турлитава

Реклама
IMG_20261104_145928_566