Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови” продолжува со вечер на традиционална музика и игра на која ќе настапат македонски и ансамбли од САД, Полска, Италија и Шпанија.
Вечерашната програма ќе ја отворат членовите на КУД „7-ми Септември” од Македонски Брод, а на фестивалската сцена ќе настапат и фолклорниот ансамбл „Тиквеш” од Кавадарци, КУД „Дримкол” од Вевчани и ансамблот за фолклор „Гоце Делчев” од Битола.
Публиката ќе може да следи нови фолклорни кореографии на гостите од Полска, Италија, САД и ансамблот Де Корос од Мадрид, Шпанија.
Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови”, којшто се одржува под покровителство на Собранието и со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола, завршува на 30 јули со доделување на награди и признанија на македонските ансамбли и вечер на интернационална музика и игра.