За да ја награди лојалноста на корисниците Македонски Телеком почнува нова дигитална програма за лојалност и наградување. Оваа програма е создадена за сите приватни и деловни постпејд и фиксни корисници, кои ја користат апликацијата Telekom MK.
Сите поволности и понуди од многубројните партнери може да се одберат и активираат со еден клик на банерот „Искористи го моментот“ на насловната страна на апликацијата. Попустите се од областите: техника, трговија, едукација, здравје, дом и уредување, автомото, патувања и многу други. Со активацијата на корисникот му се генерира единствен QR код којшто треба да го приложи и верификува кај партнерите.
Нема ограничување на бројот на различни поволности коишто може да ги активира еден корисник, а секој корисник може да ги активира посебно за секоја линија што ја има најавено на апликацијата Telekom MK.
Бројот на партнерите и понудите секојдневно ќе се менува и збогатува, затоа е корисно секојдневно да се проверува апликацијата за да се искористат најновите понуди вклучени во листата.
Македонски Телеком ја препознава и цени посветеноста на корисниците и токму затоа ја создаде дигиталната програма за лојалност со одлични попусти од голем број партнери.
Повеќе информации наследниот линк.
Преземете ја TelekomMK апликацијата на линкот.