Со фокус на заштитата на животните, животната средина и поддршката на заедниците, британскиот бренд за свежа, рачно изработена козметика Lush ја отвори својата трета продавница во Македонија, во трговскиот центар Diamond Mall во Скопје.
На отворањето присуствуваа пријатели на брендот и верни љубители на Lush, „Лашохолици“, кои меѓу првите го истражија новиот простор и уживаа во препознатливите мириси, бои и производи.
Општествената одговорност е еден од темелите врз кои Lush го гради својот идентитет. Борбата против тестирањето козметика врз животни, одговорниот однос кон природата и почитувањето на човековите права се принципи што брендот ги преточува во конкретни иницијативи и партнерства.
Еден од примерите е торбата Fighting Animal Testing, која ја изработуваат жените од Re-wrap во Индија. Преку нејзиното производство се поддржуваат жените од руралните средини, со можности за обука, заработка и поголема економска независност. Оваа соработка ја поврзува пораката за заштита на животните со поддршка на луѓето што стојат зад производот.
„Зад сите бои, мириси и забава стојат многу сериозни вредности. Заштитата на животните, животната средина и човековите права се принципи од кои не отстапуваме. Веруваме дека додека луѓето уживаат во негата на својата кожа и тело, истовремено можат да придонесуваат за позитивни промени во општеството“, изјави Ангел Јошев, генерален менаџер на Lush во Македонија.
Покрај своите етички заложби, Lush е препознатлив по свежата, рачно изработена козметика, иновативните производи и впечатливите бои и мириси. Асортиманот опфаќа производи за нега на лице, тело и коса, сапуни, бомби и пенливи купки за капење, парфеми и подарочни сетови. Посебно место во понудата имаат цврстите производи без амбалажа, кои придонесуваат за намалување на отпадот.
Новиот простор во Diamond Mall е осмислен како место за истражување и испробување. Посетите лите можат да ги допрат, помирисаат и испробаат производите, да добијат совети за нега и одблиску да се запознаат со концептот на брендот.
„Lush е свежа, рачно изработена козметика, но и вистинско доживување. Сакаме луѓето да истражуваат, да пробуваат и да се забавуваат. Особено нè радува што отворањето го споделивме со нашите пријатели и верните Лашохолици, чија љубопитност и љубов кон брендот постојано нè инспирираат. Третата продавница е уште едно место за средба со нив, но и можност да им посакаме добредојде на сите што допрва ќе го откријат светот на Lush“, потенцира менаџерот Јошев.
Со новата продавница, Lush го проширува своето присуство на македонскиот пазар, поврзувајќи го искуството на купување со пораките за одговорна потрошувачка и грижа за луѓето, животните и животната средина.
Lush е британски бренд за свежа, рачно изработена козметика, основан во 1995 година. Според официјалните податоци за финансиската 2024/2025 година, брендот е присутен во 53 земји со 869 продавници, а групацијата Lush вработува околу 13.300 луѓе, без вработените кај партнерите. Главните производствени капацитети се наоѓаат во пет земји, Обединетото Кралство, Канада, Хрватска, Јапонија и Австралија, дополнети со помали производствени единици на други пазари.
Производите се создаваат со состојки како овошје, зеленчук, билки, растителни путери и етерични масла. Сите производи се вегетаријански, а најголемиот дел се и вегански. Борбата против тестирањето козметика врз животни, заштитата на животната средина и почитувањето на човековите права се меѓу основните вредности на брендот.
Повеќе на www.lush.com.mkwww.lush.com.mk



























