Рождество на Пресвета Богородица – Света Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица” во Цирих

На 21 септември, Светата Православна Црква молитвено го празнува споменот на Раѓањето, односно Рождеството на Пресвета Богородица.

По тој повод, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение со свештенството од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и од Српската Православна Црква, а по благослов на Неговото Преосвештенство епископот Швајцарски г. Андреј, чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Цирих, Швајцарија.

rozhdestvo na presveta bogorodicza vo czirih

На Светата Литургија молитвено присуствуваше многуброен верен народ, кој во духот на христијанската љубов и заедништво го прослави големиот Богородичен празник.

По прочитаното Свето Евангелие, епископот г. Марко им се обрати на присутните верници со богодахновена беседа, во која говореше за значењето на Рождеството на Пресвета Богородица и за нејзината улога во домостројот на нашето спасение.

По завршувањето на Светата Литургија, свештенството при храмот приреди празнична трпеза за присутните, на која присуствуваше и Неговото Преосвештенство епископот Швајцарски г. Андреј. Во братска и празнична атмосфера продолжи заедничарењето на архиереите, свештенството и верниот народ.

rozhdestvo na presveta bogorodicza czirih

На крајот, епископот г. Марко упати благодарност за срдечното гостопримство од страна на свештениците и верниот народ и за љубовта што му беше укажана за време на неговиот престој во Швајцарија, а особена благодарност упати и до Неговото Преосвештенство епископот Швајцарски г. Андреј, по чиј благослов престојуваше и сослужуваше во православните храмови во Швајцарија.

На сите присутни им посака празникот на Рождеството на Пресвета Богородица да им биде за духовна радост, мир, здравје и спасение, а нејзиното мајчинско застапништво секогаш да биде со сите оние кои со вера и љубов го прославуваат нејзиното свето име.

- Advertisement -
9.309 следбеници
следете

НАЈНОВИ