spot_img

Театарот КМД од Дубровник на 29 септември гостува во Македонскиот народен театар

Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ” (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби”, работена според драматизација на истоимениот роман на хрватската писателка Ивана Ловриќ Јовиќ.

kako lokrum pere zube 091024 40

Гостувањето е уште една потврда за успешната  соработка меѓу Македонскиот народен театар и Казалиште „Марин Држиќ”.
Неодамна МНТ гостуваше во Дубровник со претставата „12″, во режија на Синиша Евтимов, каде што ансамблот беше пречекан со исклучителна гостопримливост и одушевување од публиката. Сега имаме чест да им возвратиме со гостопримство и да ги пречекаме нашите драги пријатели на сцената на МНТ.

„Види како Локрум мие заби”, во режија на Паоло Тишљариќ, е емотивна и длабоко интимна приказна која се одвива во текот на една ноќ – помеѓу моментот кога главната протагонистка ја дознава веста за смртта на својот татко и неизбежното соочување со загубата.
Низ четири генерации жени од едно семејство, претставата ги истражува сеќавањата, тагата, љубовта и сложените семејни врски. Таа исто така говори и за начините како човекот се справува со болката и загубата.

Претставата е копродукција на Казалиште „Марин Држиќ” и Дубровничките летни игри, а драматизацијата ја потпишува Маријана Фумиќ.
Во актерската екипа настапуваат Марија Шегвиќ / Ирена Тереза ПрпиќСандра ЛончариќМиреј СтаниќАња Ѓуриновиќ, како и Перица МартиновиќНика ЛасиќБорис Матиќ и Бојан Берибака.

По премиерната изведба, претставата оствари бројни гостувања во Хрватска и странство, настапувајќи на значајни фестивали и сцени во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Турција.

Македонскиот народен театар со особено задоволство ја продолжува меѓународната културна размена со еден од најзначајните хрватски театри. Ова гостување ќе биде уште една можност за зближување на уметниците и публиката преку театарската уметност.

Билетите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk.

- Advertisement -
9.309 следбеници
следете

НАЈНОВИ