Легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, почина денеска, 4 септември, на 72-годишна возраст.
Веста за смртта на легендата ја објави официјалната веб-страница на групата „Рибља чорба“:
– Драги пријатели, со тага и жалост ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки. Борисав Бора Ѓорѓевиќ. 01.11.1952 – 04.09.2024 – стои во соопштението.
Бора почина во болницата во Љубљана каде повеќе од една недела се бореше за живот.
2 Comments