Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 % во однос на одлуката од 23.8.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек:
кај бензините 0,517 %, кај дизелот 0,216 %, кај екстра-лесното масло 0,542 % и кај „мазутот“ има намалување од 2,048 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,2235 %.
Од 27.8.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- ЕВРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)
- ЕВРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)
- ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
- масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
- „мазут М-1 НС“ 45,170 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се намалуваат 0,50 денари/л.
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,125 денар/кг и сега ќе изнесува 45,170 денари/кг.