ЗАНИМЛИВОСТИ

Кралицата Елизабета имала жена задолжена да и ги разгази чевлите: Запознајте ја личноста која ја имала оваа важна функција!

Анџела Кели е британска модна дизајнерка и шивачка, која е личен асистент и стилист на кралицата Елизабета од 2002 година. Нејзината официјална титула беше: личен асистент, советник и куратор на нејзиното кралско височество. Работела за неа повеќе од две децении, а била и блиска пријателка на кралицата.

Холографот Роб Мундеј, кој ја создаде првата холографска слика на кралицата, изјави за Hello за пријателството на двете жени за време на неговиот престој во Бакингемската палата:

„Односите меѓу Анџела Кели и кралицата беа неверојатни, а можеше да се види нивната поврзаност една со друга. Кралицата имаше целосна доверба во Анџела“, се сеќава Роб.

Покрај тоа што дизајнираше како ќе изгледа кралицата, вклучително и изборот на тијарата и накитот заедно со целиот стајлинг, таа имаше уште една интересна улога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Fun Facts (@royallifefan)

Имено, Анџела била задолжена да ги разгази новите чевли на кралицата, пред таа да ги облече! Таа ги носела чевлите пред самата кралица. На овој начин при разни ангажмани и средби со луѓе не би морала да доживее непријатност и формирање на плускавци, а со тоа би можела невознемирена да се шета или работи.

Интересна улога, зарем не? Затоа служат пријателите, меѓу другото.

Напишете коментар

Back to top button
close