Вечерва (31 март) започнува летното сметање на времето. Па така, со поместување за еден час нанапред, времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот.
Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 3 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3 часот, се смета како 2 часот.
Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот. Во Македонија, која беше дел од Југославија, летното сметање на времето се користи од 1983 година, а по осамостојувањето, од 1996 г. е регулирано со Законот за сметање на времето.