РЕЦЕПТИ

Како да направите посно тесто за пица? Потребни ви се само три состојки

Постот е во тек, а со малку труд можете да ги подготвите омилените јадења на поинаков начин, за да ги почитувате посните денови.

Посна пица

Италијанската кујна е позната низ целиот свет, а најпопуларно јадење секако е пицата. Секоја земја додава некоја тајна состојка во оригиналниот рецепт, а најважно е да го подготвите тестото за пица. Не мора да се откажете од ова вкусно јадење ниту за време на Божиќниот пост, можете да направите посно тесто со само 3 евтини состојки. Намачкајте ја пицата со ароматичен прелив од масло и зачини, а за филот можете да користите било кој зеленчук, растително сирење…

Состојки за тестото:

  • 400 гр брашно
  • 200 мл кисела вода
  • 3 лажици масло

За премазот:

  • 4 лажици масло
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка мелена пиперка
  • оригано

Рецепт:

Во еден сад измешајте брашно, кисела вода и масло. Ако сакате, додадете една лажичка сол. Месете го тестото за пица, па завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои околу половина час. Тестото развлечете го тенко во облик на круг на хартијата за печење со сукало. Потоа малку свиткајте ги рабовите. Измешајте го маслото, меленото лукче и ориганото, па премачкајте го тестото. Филувајте по желба, можете да користите тиквички, растително сирење, домати, пиперки, маслинки… Печете во загреана рерна на 250°C околу 15 минути.

Напишете коментар

Back to top button
close