Меган Фокс сака нејзините три сина да бидат вистински господа за жените кога ќе пораснат. Со нејзиниот поранешен сопруг Брајан Остин Грин, актерката има три сина, а врз основа на бројните поранешни врски, Меган е решена да го сподели своето лично знаење за врските.
– Мислам дека бидејќи имам синови, многу ми е важно да одгледувам момчиња кои не се како овие мажи со кои бев. Многу ми е важно еден ден да воспитам момчиња кои се способни да имаат многу длабока емотивна интимност со своите партнери – вели Фокс.
Целта е јасна, Меган ќе даде се од себе за идните партнери на нејзините синови да не го доживеат она што е таа во врските.
– И затоа се надевам дека токму преку мојата транспарентност во начинот на кој се справувам со нив, ќе им се овозможи да сакаат на навистина здрав начин – додава Фокс.