КУЛТУРА

Наградата за најдобар актер, повторно во рацете на Никола Ристановски

Наградата „Борисав Станковиќ” на 43. Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани”, за најдобра машка улога му се доделува на Никола Ристановски за ликот на д-р Томас Стокман во претставата „Народен непријател” од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје.

Nikaola Ristanovski 1

Одлуката ја донесе жири-комисијата во која членуваа: Катерина Коцевска, актерка од Скопје, Душан Петровиќ, режисер и професор на ФДУ во Белград и Давор Шпишиќ, драматург и сценарист од Загреб.

Nikola Ristanovski 2

Како што стои во образложението од комисијата:

„Никола Ристановски во улогата на д-р Томас Стокман рискантно и дрско го спојува неспоивото: најдрската превртливост и пеливанската балканска итрина.

Nikola Ristanovski 3

Игра човек кој како денешниот слеп Едип незапирливо ја напаѓа општествената неправда и тврдоглаво истрајува во битките за правда, до работ на Бекетовите кловнови, отфрлен од сите и упорен во тоа”.

Напишете коментар

Back to top button
close