МАКЕДОНИЈА

Поддршка на модерното занаетчиство со голем „Есенски базар“ и учество на 24 артизани

Од 19 до 22 октомври, во организација на Скопје Сити Мол ќе биде реализиран „Есенски базар“ на кој ќе земат учество 24 индивидуалци „artisans“ – уметници. Деликатно направен избор на современи креативци се со цел да се поддржи рачната изработка на уникатни производи.

ESENSKI BAZAR 2023 1920x1080 1

На претстојниот базар ќе земат учество модерни брендови, кои нудат широка палета производи, уметници, кои не се плашат да експериментираат и храбро да концепираат и компонираат иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника и накит од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ, модерен и елегантен. Преку овие дела, уметниците ги раскажуваат своите приказни, на современ и концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие. На базарот, дел од уметниците ќе се претстават и со аксесоари изработени од кожа, рачни везови, модерни шапки и еколошки восочни обвивки од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба, како и природни и вегански козметички производи за нега и убавина на целото тело.

Во секој рачно создаден производ, компримиран е креативниот труд на овие уметници, посебно љубовта, која се рефлектира во секој детаљ од нивната работа.

На четиридневниот базар, на приземјето од Скопје Сити Мол ќе се претстават: Шарено ќоше – рачно насликана керамика и уникатни персонализирани дизајни; Branchella – прв македонски бренд препознатлив по рачно изработени уникатни шапки; Ленка – рачни везови на иновативен начин, кои ги следат светските трендови; Глигор Кузмановски – овој пат, наместо со препознатливите дрвени изработки накит ќе се претстави со хартиен експериментален накит работен во техниката (papier mache); MurMur Arts спој на традиционални техники за изработка на текстил до модерен, несекојдневен и уникатен домашен декор и додатоци; креативно студио Алегра – спој од графички дизајн и рачна изработка; ESOAPERY веганска козметика за природна нега на целото тело; Кожарска работилница Хорват – рачна изработка на производи од природна кожа; M&M Luxury soap bouquet – ароматизирани букети од сапуни; Marcy’s handmade – шарени приказни во форма на накит за сонувачи и храбри луѓе; Wanderlust – смели керамички дизајни; Елена Ристовска – накит кој е синтеза на знаење и творечка вештина; MORPHO – филигрантска умешност испреплетенa во современ накит; Атеље Сиена – креативни приказни, преточени во накит; Соња Димитровска ЕКО восочни обвивки, еколошка амбалажа од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба; Filigree LARGO рачно изработен сребрен накит во традиционална филигранска техника, но со сосема нетрадиционален дизајн; Coral Jewelry – уникатен бренд на персонализиран накит од чисто сребро 925; Equilibrium.fine.arts story – накит, изработен од епоксидна смола и полимерна глина; Јulie Decoupage – еклектичен скопски бренд со рачно изработен накит и слики со јапонска техника; Ивана Кондратенко – „ARTNOK“ ќе се претстави со автентичен накит и додатоци од полимерна глина; Дијана Тодоровски – „Добро ми Стои“ современи форми од сребро, комбинирани со месинг и бакар; Катерина Јовановска – „Stardust Kejt Rakotvorbi“ накит од епоксидна смола и полимерна глина во едноставни, нежни и пастелни комбинации; Glow Natural – Природна и рачно изработена козметика за кожа и коса и Блашка Миева –„Freya Fashion Jewellery”, накит од плексиглас и полимерна глина, рачно насликани марами и модни додадоци.

Напишете коментар

Back to top button
close