МАКЕДОНИЈА

Повторно пропадна камион во фонтаната на Плоштад Македонија

Повторно пропадна камион во фонтаната на Плоштад Макадонија во Скопје. На плоштадот, од утрово се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото – „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје. Еден од камионите кој носел опрема пропаднал и фонтаната повторно е искршена и оштетена.

Во соопштението на Град Скопје стои:

Приватен субјект со возило камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што е причинета штета на плочникот.

Градот Скопје остро го осудува овој чин, ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета.

Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции.

Напишете коментар

Back to top button
close