ЗАНИМЛИВОСТИ

Планина е подобра опција од море на плус 40 степени!

Кога температурите стануваат опасно високи, првиот инстинкт на човекот е да се олади, а тоа најчесто е на место покрај вода, независно дали е морска или езерска. Морето е првата асоцијација за летен одмор веќе долго време, но ако размислуваме пошироко сепак планината е всушност вистинската алтернатива во летните горештини. Можеби морето како опција се чини поприродна, бидејќи планинарењето многу луѓе го поврзуваат со исклучителна кондиција и физичка спремност.

Plachkovitsa Bel kamen

Оние луѓе што долго време планинарат ќе ви кажат дека тоа е погрешна перцепција бидејќи планинарењето има “повеќе нивоа” и е активност за луѓе од најразлични возрасти со најразлична кондиција и физички потреби.

За разлика од популарните приморски дестинации, кои се често преполни во текот на летната сезона, планините обезбедуваат спокојна средина. Недопрената природа, речиси дивина и помалку трендовскиот статус ги привлекуваат оние на кои им треба мирно повлекување далеку од метежот и вревата на крајбрежните одморалишта.

h Bel Kamen

Сепак најзначајната предност на планината е секако благата и освежителна клима. На пример на Плачковица, поголемата надморска височина резултира со пониски температури и освежувачки ветер, нудејќи олеснување од големата жештина во рамнините. Погледот на врвот Бел Камен  на планината Плачковица кој е со висина од 1.707 м е нешто навистина прекрасно. Умерената клима создава идеален амбиент за релаксирани активности и пешачење во природа. Може да се вози и по 35 км велосипедската патека до самиот врв бел камен. А за одмор и релаксација тука е х. Бел камен кој нуди гостопримство и уживање за сите сетила. Ресторанот има капацитет од 160 гости, нуди лепеза на гастрономски уживања инспирирани од локалното национално богатство на македонска кујна, со посебен акцент на користење на производи од органско потекло од овој регион. Содржи и прекрасен СПА центар со џакузи, парна бања, финска сауна, надворешен базен, како и спортски терени за кошарка, тенис, фудбал и ГОЛФ, како и организирано планинарење и велосипедизам по одбележани патеки низ планината Плачковица.

hotel white stone sport

Обиколен со богата густа букова и борова шума на надморска висина од 1400 м. хотелскиот комплекс БЕЛ КАМЕН  е идеален за вистински одмор и рекреација посебно во овој период од годината, бидејки се наоѓа во предел кој изобилува со природни убавини како што се високи карпи, длабока шума, флора и фауна кои можат да се сретнат само во оваа околина.

Македонија е земја што изобилува со бујна природа, величествени врвови и неверојатни пејзажи. Кога би се правел избор, луѓето можат да го скројат своето планинско летување според своите автентични побарувања. Планината Плачковица е една од оние летни дестинации и претставува убедлив случај каде многумина потврдиле дека може да се надмине морето во овие летни горештини. Плачковица е идеална бидејќи е средно-висока планина сместена меѓу градовите Радовиш и Струмица и се издигнува на височина од 1764 метри со највисокиот врв Лисец што нуди панорамски поглед. Нерамниот терен на планината е украсен со бројни длабоки речни долини а на северната страна реките течат енергично и создаваат импресивни брзаци, водопади на Зрновската Река, какви што може да се видат само на филм. Дополнително, оваа планина може да се пофали со волшебни пештери кои им нудат на истражувачите шанса да бидат сведоци на уникатни геолошки формации.

Bel Kamen 2

Вистинското бегство од жешките летни денови значи пријатно разладување и соодветен избор за летен одмор. Спокојство, авантура и подлабока врска со природата секако ќе биде незибежен дел од вакво незаборавно патување, ако се реши да се оди на планина.

Информации и резервации на 076/247-670 & info@hotelbelkamen.com.mk.

Напишете коментар

Back to top button
close