Прескокни до содржината

Недела, 22 ноември 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

Беше најблескавата ѕвезда во Холивуд, а потоа заврши во пеколот на дрогата: Благодарен сум што сум жив

Актерот Денис Квејд зборуваше за својата зависност од кокаин, но и како тоа влијаело на неговиот секојдневен живот. Како што самиот истакна, спасот го нашол во верата откако во 1990 година сфатил дека зависноста од кокаин го победила.

Dennis Quaid

Реклама
IMG_20261104_145921_204

– Благодарен сум што се уште сум тука, благодарен сум што сум жив навистина секој ден. Важно е навистина да уживате во возењето во животот колку што можете повеќе, бидејќи има многу предизвици и работи што треба да се срушат, изјавил тој.

Денис се прославил во Холивуд и веднаш потоа отишол на рехабилитација, според него, неговото враќање во христијанството го спасило.

Dennis Quaid 1

– Се сеќавам дека отидов дома и имав некакво искуство со бела светлина дека се видов или мртов или во затвор или изгубив се што имам, а тоа не го сакав. Кога ќе завршиш со зависноста, ти треба нешто што ќе ја пополни таа дупка, нешто што навистина функционира, нели – рекол актерот.

Во 1990 година ја напиша песната „На мојот пат кон рајот“, која е заснована на вера и посветена на неговата мајка Хуанита. Конечно, Квејд откри дека повторно почнал да ја чита Библијата, но и Куранот, како и други верски книги.

Споделете:
Реклама

Најнови на Турлитава

Реклама
IMG_20261104_145928_566