РЕЦЕПТИ

Лесна вечера: Пилешко филе во сос од мед

Пилешко филе во сос од мед - лесна вечера

Потребни состојки:

2 лажици масло
100 гр моркови
300 гр брокула
200 гр црвена зелка
400 гр пилешко филе
4 чешниња лук
60 мл пилешка супа или вода
60 мл соја сос
3 лажици мед
2 лажички густин
сол, бибер

Начин на подготовка:

Загрејте една лажица масло на средна топлина во голема тава или вок. Додадете ја сечканата брокула, зелката и морковите и пржете околу 3-4 минути или додека зеленчукот не омекне. Извадете го зеленчукот во чинија и покријте го. Избришете ја тавата, зголемете ја топлината и додадете ја преостанатата лажица масло.

Пилешко филе во сос од мед

Зачинете ги парчињата пилешко со сол и бибер и пржете ги по три минути од секоја страна, додека не поруменат. Потоа додадете го лукот и пропржете го 30 секунди.

Вратете го зеленчукот и кратко продинстајте. Измешајте ја пилешката супа, медот и соја сосот, а во друг сад измешајте ја смесата со малку ладна вода. Прелијте ја смесата со соја сос врз пилешкото и зеленчукот и варете половина минута. Додадете го густинот, доведете до вриење и варете уште една минута додека сосот не почне да се згуснува. Послужете веднаш, со ориз.

Напишете коментар

Back to top button
close