КУЛТУРА

Објавен вториот број на „Современост“ за 2023 година

Од печат излезе вториот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2023 година, составен од 24 статии на 132 страници, вклучувајќи: 5 прилози проза, 7 прилози поезија, 2 интерпретации, 7 рецензии и 3 прилози од рубриката Ѕвезди и протези.

Sovremenost br 2 2023

Бројот е отворен со раскази од Стефан Марковски, продолжувајќи со прозни прилози од Емељ Туна, Станка Бајлозова Барламова, Наде Поп-Гаврилова и Иван Стојановски. Потоа следат поетските творби на: Ристо Маџунков, Димче Шипинкаровски, Блаже Петревски, Виктор Танасковски, Росана Трајкоска, Александар Михајловиќ и Лидија Размоска-Тримовска. Во рубриката Интерпретации е застапена анализа од Верица Мукоска и труд од Елена Станкоска. Во рубриката Вреднувања се застапени рецензии од Иван Стојановски, Трајче Кацаров, Љубинка Донева, Славчо Ковилоски, Васил Дрвошанов, Трајче Кацаров и Никола Алтиев. Крајот е отстапен за рубриката Ѕвезди и протези во која се вклучени прилози од двете млади прозаистки: Светла Јакшиќ и Софија Тодороска, како и поезија од Александра Стојановиќ.

Ликовните илустрации во вториот број за 2023 год. се дело на академскиот сликар Драги Хаџи-Николов, а броевите наскоро ќе бидат достапни низ книжарниците и библиотеките во Скопје.

Напишете коментар

Back to top button
close