Без темни кругови под очите
Со таа цел се прави раствор од сода и вода, но овој пат нека биде малку течен . Потопете два козметички тампони во смесата и ставете ги на очните капаци. Држете ги околу 15-20 минути. По околу 2 часа може да ja повторите постапката ако отоците не се намалени.
За чиста и уредни коса
За ефикасно миење на косата додадете сода во шампонот во сооднос 1 со 4. Косата ќе стане помека, еластична и истовремено со тоа повеќе подложна на обликување. Ефектот доаѓа оттаму што содата ги отстранува дури најсуптилните честички, останати од стилизантите за коса.
Ги избелува забите
Поради абразивна густина, содата ги чисти забите и ја полира забната глеќ. Стоматолозите сепак препорачуваат слични домашни процедури да се прават што е можно поретко.
Против лош здив
Со сода бикарбонат лесно се отстранува лошиот здив, кој се должи на ферментацијата на присутната храна. За целта растворете половина лажичка во голема чаша вода и испијте ја.
Против габички
Рецептот е: лажица сода во еден литар вода. Со добиениот раствор измијте ги погодените места. Натриум бикарбонат го попречува развојот на габите, како тие се шират во кисела средина, а како што веќе рековме, сода бикарбона има противокиселинен ефект.
Отстранува херпес
Нанесете малку сода на заболеното место. Сода бикарбона ќе ги неутрализира бактериите и херпесот ќе исчезне доста побрзо.
Мускулна треска
По тешко физичко оптоварување, користете го истиот раствор, како кај проблемот со лош здив. Тоа ќе ги опушти мускулите и нема да се почувствува непријатната болка од треската.
Помага при цистит
При инфекции на уринарниот тракт, исто можетe да си помогнете со натриум бикарбонат. Повторно растворете лажичка сода бикарбона во чаша вода и испијте ја смесата. Во деновите кога болките се особено силни, пијте по еднаш или двапати дневно.