Многу луѓе го започнуваат денот со кафе, иако тоа може да предизвика чувство на анксиозност, зголемен крвен притисок, главоболки и несоница. Поради сето ова, различните замени за традиционалното кафе стануваат сè попопуларни.
– Растенијата со убави имиња сугерираат лековитост, убаво е денот да се започне со чај. Убаво е да се пие чај од кантарион и коприва, но со рузмарин и жалфија треба да се внимава поради високиот притисок. Се препорачува и нане. Тие растенија содржат есенцијални материи кои не будат, но не содржат кофеин – изјави народниот билкар и новинар Момчило Антонијевиќ.
Тој забележува дека зелениот чај содржи кофеин, но тој е здрав, па оние кои сакаат да го намалат кафето можат да се префрлат на пиење зелен чај наутро. Зелениот чај е повеќе лековит од црниот чај. Може да се комбинира со ѓумбир, јасмин, нане. Се пие по седум до осум минути стоење.
– Не треба да претерувате со зелениот чај, доволни се две до три шолји. Не се препорачува за мали деца поради кофеинот, но е одличен за учениците бидејќи помага за концентрација – вели билкарот.
Тој додава дека цикоријата, крес или коњско опавче се користат во нашата традиционална медицина како замена за кафето, односно коренот на растението. Добро познатото име за таа замена е „дивка“.
Таквата замена за кафе е богата со инулин, кој ги храни позитивните бактерии во цревата. Сепак, како што предупредува билкарот, не треба да го земаат бремени жени или лица со болест на жолчни камења.