Прескокни до содржината

Четврток, 19 ноември 2026

Маркетинг
Реклама
Најнови

Зеленчук што ги штити бубрезите, го намалува крвниот притисок и го хидрира организмот

Порака на денотПорака

Освен што освежува во текот на жешките летни денови, краставицата може да му помогне на организмот да го исфрли вишокот течности, да го зачува здравјето на бубрезите и да придонесе за негуван изглед на кожата.

Реклама
IMG_20261104_145921_204

Нутриционистите тврдат дека широко распространетото мислење дека краставицата нема никаква хранлива вредност е целосно погрешно.

Краставица

Нејзиниот биолошки состав, кој содржи минерали и витамини, вклучувајќи го и витаминот Ц, го докажува спротивното. Овој освежителен зеленчук, кој во најголем дел е составен од вода, го регулира крвниот притисок, ги штити бубрезите и го намалува чувството на глад.

Природен диуретик

Краставицата е најбогата со витамин Ц, а во помали количества содржи и витамини од групата Б, како и каротен.

Од минерали содржи фосфор, калциум, железо, манган и јод. Има малку натриум и многу калиум, па затоа не се препорачува претерано солење, за да не се наруши поволниот сооднос меѓу овие два минерали.

Токму поради ваквиот сооднос на натриум и калиум, краставицата е одличен природен диуретик. Затоа се препорачува при отежнато мокрење, заболувања на срцето и бубрезите, како и кај ревматски тегоби.

Бидејќи помага во растворањето на мочната киселина, корисна е за лицата кои имаат камења во бубрезите и мочниот меур. Исто така, со поттикнување на исфрлањето на водата од организмот, помага и во елиминирањето на штетните материи. Се препорачува и за дијабетичари, бидејќи придонесува за намалување на нивото на шеќер во крвта.

Нега на кожата

За еден од најпознатите начини за намалување на подочниците и темните кругови под очите се користи токму свежата краставица.

Овој зеленчук содржи аскорбинска и кофеинска киселина, кои спречуваат задржување на вода во организмот, а со тоа и појава на отоци. Краставицата има и разладувачко дејство, па често се користи за ублажување на последиците од сончеви изгореници.

Таа е богата со калиум, магнезиум и силициум, поради што многу велнес центри нудат различни третмани во кои се користи краставица.

Во домашни услови, доволно е да излупите половина краставица, да ја исечкате на коцки, да додадете една лажица мед и добро да измешате. Маската нанесете ја на чисто лице, оставете ја да делува 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Овие две состојки ѝ обезбедуваат дополнителна хидратација на кожата и го прават тенот нежен и мек. Сокот од краставица може да се користи и како одличен природен тоник.

Доколку немате навика да пиете доволно вода, јадете разладени краставици, бидејќи тие содржат дури 90 проценти вода.

Ден потоа

Краставицата може да помогне и против мамурлак. Ако сте испиле повеќе алкохол отколку што треба, изедете неколку парчиња краставица пред спиење.

По ваков третман ќе се разбудите посвежи и без главоболка. Краставицата содржи доволно природни шеќери, витамини од групата Б и електролити за да ги надополни основните хранливи материи што телото ги изгубило.

Споделете:

Порака на денот

Една порака, само за вас, секој ден нова. Што ви пишува денес?

Реклама

Најнови на Турлитава

Реклама
IMG_20261104_145928_566