ЗАНИМЛИВОСТИ

Зошто ниту едно знаме во светот ја нема виолетова боја?

Знамињата на земјите се со различни бои, украсени со секакви елементи како листови, орли, ѕвезди, змејови… Меѓутоа, ако добро ги познавате боите и грбовите, сигурно сте забележале една работа, а тоа е дека на ниту едно знаме нема виолетова боја.

Причината лежи во тоа што, меѓу другото, виолетовата боја била многу скапа во минатото. Во античко време се добивала од посебен вид морски полжави од Медитеранот.

За само еден грам боја биле потребни преку 10.000 полжави. Затоа оваа боја ја ценеле колку злато.

Во повеќето случаи, виолетовата боја се поврзувала со кралските семејства, бидејќи само тие имале услови да ја носат.

Кралицата Елизабета наредила само членовите на кралското семејство да можат да носат виолетова боја. И никој освен нив. Сепак, оваа боја понекогаш била скапа за самите владетели.

Римскиот император Аврелиј и забранил на сопругата да купи свилена виолетова марама, бидејќи само едно шише со виолетова боја чинело три златни прачки, што денес би изнесувало околу 50.000 евра.

Престижниот статус на виолетова боја се промени дури во 1856 година кога британскиот универзитетски студент, Вилијам Хенри Перкин, додека се обидуваше да најде лек за маларија, случајно откри начин да произведе синтетичка виолетова боја.

Бидејќи нејзиното производство било многу полесно, виолетовата боја стана достапна за секого, и не е чудно што се појавува на некои знамиња создадени околу 1900 година.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close