ЗАНИМЛИВОСТИ

Во овој европски град се јаде најдобрата храна! Тука треба да пробате еден специјалитет

Според листата на магазинот Time Out, градот со најдобра храна во светот е – Неапол. Листата на градови со најдобра храна е направена врз основа на голема анкета спроведена меѓу локалното население ширум светот.

градот со најдобра храна во светот е - Неапол

Неапол беше оценет како најдобар поради квалитетот на храната и нејзината достапност.

Пица Маргарита е симбол на Неапол
Пицата настанала во деветнаесеттиот век како брз, достапен оброк за урбаната работничка класа.

Пицериите од старата школа и денеска продолжуваат да ги хранат гладните Наполитанци. Овие пицерии се претежно лоцирани во Виа деи Трибунали, наречена улица Пица.

Кралицата Маргарита го посетила Неапол во 1889 година и пробала три вида пици. Пица со домати, моцарела и босилек ја воодушевила, па оваа пица го добила нејзиното име – Маргарита.

Денес, оваа пица е вистинско национално јадење во кое уживаат мештаните на Неапол и многу туристи.

Во Неапол денес пицата е многу евтина. Локалните жители ја нарекоа пицата највредното јадење во градот, иако парче пица чини само 1 евро.

Неапол не е единствениот град во Европа кој се најде на листата на градови со најдобра храна. Ливерпул во Велика Британија е на 11. место, а Севиља во Шпанија е на 13. место, пренесува магазинот Time Out.

Back to top button
close