ЗАНИМЛИВОСТИ

Сонцето ненадејно се појави 7 пати на небото! Овој феномен се гледа еднаш во животот – еве за што се работи (ВИДЕО)

Жена од Кина снимила 7 сонца на небото. Набрзо пристигна објаснување за мистериозната појава. На неверојатната снимка, снимена на почетокот на овој месец од жена во болница во Ченгду, 7 жолти топки го красат небото. Седумте сонца се наредени едно до друго.

7 сонца на небото

Сепак, овој феномен е всушност оптичка илузија предизвикана од прекршувањето на светлината низ ламинираното стакло на болничкиот прозорец.

Седумте сонца се виртуелни слики создадени од секој прозорец.

Корисниците на социјалните мрежи понудија свои необични теории за тоа што предизвикува секое сонце во видеото да биде со иста големина и сите сонца да бидат едно до друго.

„Конечно ја откривме вистината за глобалното затоплување“, рече еден аматерски астроном на кинеската платформа за социјални медиуми Веибо.

„Ова се случи поради дефект во магнетното поле што предизвикало видливо да се манифестираат паралелните универзуми“, се пошегувал друг корисник а пренесува NewYorkPost.

Back to top button
close