ЗАНИМЛИВОСТИ

Некои се верни а некои не – какви се хороскопските знаци како пријатели?

Дознајте какви се хороскопските знаци како пријатели, како се дружат и како ги одржуваат. Бикот е верен, Рибите се совршено рамо за плачење…

Еве ги хороскопските знаци како пријатели:

Овен
Многу е импулсивен и се бори за правда, не поднесува некој да си игра со човечките емоции, па ќе истрча на помош на неволја, без разлика кој е.

И така се дружи, иако навистина нема многу нерви за оние кои се до врат во проблеми и кои премногу му ја трошат енергијата зборувајќи и не правејќи ништо.

Секогаш е подготвен да помогне, ќе се појави каде што е потребно доколку му се јави пријател, а бидејќи е снаодлив, умешен и духовит, својот неисцрпен ентузијазам сигурно ќе го пренесе и на другите.

Бик
Полека се загрева, но и се лади, па штом ќе стане нечиј пријател, тоа е засекогаш. Тој е сигурен, верен и секако посесивен.

Не замерувајте му кажувајќи му за други и подобри пријатели од него, бидејќи тешко ја поднесува мислата дека можете да бидете пофини со другите, без тој да биде во тоа друштво.

Тој ги цени своите пријатели по начинот на кој реагираат кога му треба помош, дури и ако ништо не можат да направат во тој момент.

Близнаци
Најмногу се потпира на себе, без разлика што најчесто е опкружен со луѓе. Збунува со својот рационален пристап во секоја прилика, бидејќи секогаш има крајно логични и прифатливи решенија за оние кои бараат помош од него.

Тоа го забавува да воспоставува контакти, лежерно, случајно, лесно, разговарајќи и собирајќи информации што може да бидат корисни за еден од неговите пријатели, но може да се користат и против непријателот. Тој е опасен играч, без разлика дали е ваш пријател или непријател.

Рак
Никогаш отворено нема да ви каже дека му требате, но секогаш очекува да претпоставите дека му треба помош. Ако не му помогнете кога му треба, тоа е голем лош спомен и тој само го чека моментот да ве потсети на тоа.

Поради променливите расположенија, тој е несигурен како пријател, бидејќи никогаш не се знае под чие влијание и кога ќе му се олабави оклопот. Тој знае подобро да разбере отколку да помогне, па кажете му го вашиот проблем како да е туѓ проблем – тогаш тој може да биде објективен.

Лав
Тој е со отворено срце, сака да му се заблагодарува за сработеното, иако никогаш директно не инсистира на тоа, туку сака да го фалат, особено пред другите.

Лавот повеќе сака да може да им помага на другите, наместо да зависи од нечија помош, дури и ако е од добри пријатели.

Самодовербата поради професионалното задоволство и парите му даваат чувство на моќ и влијание дури и кон луѓето што ги гледа првпат во животот, но никогаш не се фрла на нив.

Девица
Девицата е оној знак кој се чини дека е на мисија и чека некој да им се обрати за помош. Се чувствуваат исполнето кога им помагаат на другите и тешко дека ќе се случи да бидат неподготвени доколку им се пожалите.

Ги исклучува емоциите кои на прв поглед може да ви изгледаат сурово, го фокусира своето внимание на вашиот проблем и ги става работите на свое место со непогрешлива логика и објективност. И работата е решена. Тој е непроценлив како пријател, а ако е ваш непријател – секогаш бидете блиску до нив.

Вага
Иако можеби изгледа површно, Вагата е одличен пријател, бидејќи е роден адвокат. Таа знае да слуша, знае да советува, затоа што се става во улога на ваш непријател, па размислува како него.

Секако, под услов да не ја замарате кога оди на фризер или козметичар, но дефинитивно ќе почне да размислува како да ви помогне веднаш, додека се уште е под маската. Мрази да бара помош од пријателите, и очекува тие самите да ја понудат, па често пропушта некои прилики и шанси.

Скорпија
Скорпијата не треба да се смета за непријател, а ако е ваш пријател, сметајте на нејзината безгранична посветеност и лојалност. Ако ѝ доверите тајна или ја отворите душата на една Скорпија, тие никогаш нема да ја злоупотребат.

Кога е разочарана, лошо му се пишува на тој што ја разочарал, бидејќи не се откажува додека не се одмазди. Потребно и е време да стекне доверба, за да прифати некого како пријател од кој секогаш очекува да ја почитува нејзината приватност.

Стрелец
Ако го имате за пријател, тој ќе направи се за да ви помогне, но внимавајте да не му замерите, бидејќи може да биде многу незгоден и одмаздољубив.

Ако го прашате Стрелецот за совет, иако тој ги избира своите зборови, тој навлегува во суштината на проблемот, па немојте да се изненадите ако се чувствувате малку повредено (обично го кажува своето мислење).

Не може да се дружи со сите, малку е елитист, бара слични на него како пријатели, па знае дека изгледа сноб.

Јарец
За да бидете негов пријател, прво треба да поминете одредени тестови и проверки, за кои веројатно тогаш нема ни да бидете свесни.

Ако побарате помош од него, може да бидете изненадени од неговата блискост и разбирање. Штом пријателството е прекинато, тоа е засекогаш. Подобро е да го имате за пријател отколку за непријател, бидејќи никогаш не заборава дали сте го изневериле или измамиле.

Водолија
Водолијата е целосно „слепа“ кога се во прашање нејзините пријатели, што и да прават таа тоа го оправдува. Се дружи лежерно, секаде и во секое време, навидум лесно, како да познава некој од порано.

Пристапува ноншалантно, секогаш има добра тема за разговор, а подоцна ги елаборира областите кои се најинтересни. Кога ќе се најдете во неволја, не прашува во кое време од денот или ноќта е – ќе се создаде таму каде што ви треба.

Скока да помогне и исчезнува, а не ни очекува благодарност, бидејќи во суштина е многу благородна.

Риби
Рибите се родени како психолози, па нема подобро рамо за плачење од нивното, иако избегнувајте да им се доверувате, доколку имате колеги родени во овој знак (бидете сигурни дека на шефот ќе му пренесат се за вашите слабости и проблеми).

Тие сочувствуваат со другите, но знаат да го почувствуваат она што го носите длабоко во себе како тага или долгорочен проблем, за да можат да ве купат засекогаш.

Кога некој пријател ќе им се обрати за помош, тие секогаш имаат време и навлегуваат во неговиот проблем, додека интуитивно не најдат решение или помош.

Subscribe
Notify of
2 Коментари
Oldest
Newest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

[…] нова животна фаза ги очекува Девицата и […]

[…] им недостасува партнерот. Сметаат дека тоа покажува слабост и се плашат од последиците од покажувањето преголема […]

Back to top button
close