ЗАНИМЛИВОСТИ

Мора да го имате ова растение: Носи пари и го прочистува воздухот!

Ова растение е познато и како „Ѓаволски бршлен“ или „растение на пари“ бидејќи се смета дека носи среќа и поволно влијае на профитот во куќата. И покрај тоа, Epipremnum aureum денес е најпознат по својата способност да го прочистува воздухот. Овој едноставен ползавец дури и апсорбира формалдехид.

Ѓаволски бршлен

Epipremnum aureum или „златен ползавец“ е лесен за одржување и не бара никакви посебни услови за успешно да цвета.

Меѓутоа, во последно време се повеќе доаѓа до израз благотворното дејство на ова растение врз здравјето на луѓето и „детоксикацијата“ на зградите.

Може да го отстрани формалдехидот од воздухот и многу други штетни хемикалии. Нам ни е важен фактот дека околу 70 проценти од детоксикацијата на телото се врши преку дишењето и затоа е исклучително важно да живееме и работиме во простории со чист воздух.

Овој робустен ползавец е лесен за растење и добро се развива на директна или малку засенчена директна светлина, освен за време на интензивна топлина кога сонцето буквално може да ги изгори лисјата. Количината на темни и светли нијанси на листовите ќе зависи од количината на светлина. Epipremnum сака редовно наводнување, но не треба да претерувате, ниту коренот треба да остане долго во вода – редовно празнете го садот. Ако забележите кафени дамки на листовите, треба да го зголемите наводнувањето и почесто да го навлажнувате воздухот.

Напишете коментар

Back to top button
close