ЗАНИМЛИВОСТИ

Кралицата Елизабета секој ден го јаде ова јадење: Многу е едноставно, а таа навика ја негува уште од мала

Кралицата Елизабета влезе во 97-та година од својот живот и покрај здравствените проблеми кои доаѓаат со староста, фактот дека живеела речиси цел век отвора многу прашања за нејзината исхрана и начин на живот.

Поранешниот приватен готвач на кралицата, Дарен Мекгрејди, неодамна на својот канал на Јутјуб откри што јаде жената на чело на најмоќното кралство на 21 век секој ден. Верувале или не, ова се сендвичи со џем. Нејзиниот омилен вкус е јагодата, специјално набрана за неа во нејзиниот замок Балморал во Шкотска.

„Како мало девојче, на кралицата и се служеа пецива со џем во детската соба. Денеска ужива во нив со попладневен чај“, вели тој.

Сендвичите се прават од леб со малку путер и се мачкаат на џем, а потоа се сечат на кругови со големина на стар британски денар.

А покрај џемот од јагоди има и свежи јагоди како една од омилените работи на Нејзиното Височество.

„Кралицата јадеше јагоди три или четири ноќи во текот на неделата додека беа во сезона. И не беше премногу среќна ако некој и понуди бобинки што не беа во сезоната“, заклучил тој.

Покрај тоа, таа сака едноставни оброци за ручек, често уживајќи во чинија со риба и зеленчук.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close