Сигурно многу пати досега сте се запрашале колку време трошите на одредени активности кои ги извршувате секојдневно? Освен работа, гледање телевизија, шопинг, консумирање храна и пијалоци, трошење време на интернет, можеби ќе ви биде чудно што всушност најмногу време, поточно 26 години од вкупниот живот трошиме на спиење.
После спиење, на работа поминуваме дури 12 години, а гледајќи телевизија поминуваат 8,8 години.
8,5 години од нашиот живот поминуваме во шопинг, а 3,6 години во јадење и пиење.
Иако живееме во ера на интернет, статистиката покажува дека трошиме нешто повеќе од три години сурфајќи на интернет.
Дури две години од вашиот живот минуваат на состаноци, а интересен податок за жените е дека дури и година и пол поминува во шминкање.
Иако се чини дека поголемиот дел од времето го поминуваме на патување до и од работа, трошиме само 60 дена од нашиот живот на превоз.
Во физичка активност поминуваме 1,2 години од животот, а во водење љубов 117 дена.
Деталните статистички податоци се претставени на Твитер профилот на World of Statistics.