ЗАНИМЛИВОСТИ

Децата кои имаат куче или мачка немаат алергии на храна

Децата кои растат со животни се помалку склони кон алергии на храна, тврди науката. Според едно истражување, децата кои имаат куче или мачка имаат помал ризик од развој на алергии на храна од другите деца.

Истражувањето опфатило над 65.000 деца од Јапонија. Бебињата кои биле во друштво на кучиња и мачки, било откриено дека имаат 13 до 16 отсто помал ризик од сите алергии на храна во споредба со бебињата кои немаат домашни миленици.

Kuche i machka

Истражувањето за идејата дека ултра чистата средина не обезбедува доволно изложеност на бактериите потребни за имунолошкиот систем да се бори против инфекцијата, покажаа потенцијални придобивки од изложеноста на кучиња во раното детство, особено во однос на алергиите на храна, пишува CNN.

Во студијата, истражувачите ги испитувале податоците за изложеноста на домашни миленици и алергија на храна на 66.000 деца за да видат дали контактот со различни животни влијае на ризикот од алергии на храна.

Над 20 отсто од испитаните деца биле изложени на домашни миленици, главно кучиња и мачки. Податоците беа собрани од медицинска евиденција во првиот триместар, за време на породувањето и на едномесечниот преглед на децата.

Резултатите покажаа дека изложеноста на кучиња и мачки значително ја намалува инциденцата на алергии на храна. Тие исто така откриле дека изложеноста на кучиња значително ги намалува алергиските реакции на млеко, јајца и јаткасти плодови. Исто така, изложеноста на мачки значително го намали ризикот од развој на алергии на јајца, пченица и соја.

Напишете коментар

Back to top button
close