ЗАНИМЛИВОСТИ

Дали знаете зошто со кафето се служи чаша вода?

Денес, во кафулињата и рестораните во многу европски градови, шолја кафе претежно се служи со чаша ладна вода.

Иако „лежерно пиење кафе“ се појавило во 16 век, и веднаш било прифатено од Турците и Грците, во Западна Европа овој ритуал настанал многу подоцна, на крајот на 19 век. Она што е интересно е дека чашата вода што доаѓа со кафето не била наменета да се пие. Во тоа време, многу дами се пожалиле дека имаат потешкотии со лажицата што се користи за мешање шеќер и кафе.

Кафе и вода

Не им се допаднало тоа што ја валкаат лажицата со пена, а потоа мораат да ја стават на работ од послужавникот. Во тоа време, многумина го сметале тој потег за некултурен и нималку елегантен, па рестораните вовеле чаша вода што доаѓа со кафе. Нејзината цел беила гостите да можат да ја измијат валканата лажица и дури потоа да ја спуштат на послужавник.

Отпрвин се користела чаша вода за отстранување на валкана лажица, но овој ритуал го променил своето значење од 1873 година, кога биле воведени првите градски системи за вода, од планински извори. Тогаш кафулињата сакале да покажат дека пијалоците ги подготвуваат со кристално чиста изворска вода.

Денес, пиењето чаша вода со кафето се смета за добри манири. Многу барови и ресторани овде исто така го прифатија, но факт е дека има места каде што нема да добиете чаша вода без нагласување.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close