ЗАНИМЛИВОСТИ

Дали на кучињата треба да им се даваат јајца за јадење?

Пред да ги поделите велигденските јајца со вашето куче, треба да знаете што е прифатливо за него, а што е штетно, во каква форма и во која количина, за да не ги поминете празниците на ветеринар.

Празниците се веднаш зад аголот и за Велигден се служи прилично јака храна. Ако секој човек приближно знае што му штети, а што е добро за него, истото не може да се каже и за кучињата. Сопственикот на кучето мора да знае за него.

Кучињата и храната

Дел од велигденската гозба секако не се препорачува за кучињата (посебно внимавајте кучето да не јаде чоколадни јајца, бидејќи чоколадото е многу отровно за кучињата), но има намирници кои се препорачуваат за кучињата. Меѓу нив има и јајца.

Јајцата се лесно достапни, релативно евтина, многу корисна храна која обезбедува речиси неверојатна палета на различни витамини и други хранливи материи одговорни за добрата состојба на очите, црниот дроб, мозокот и срцето. Јајцата содржат железо, цинк и фосфор и минерали кои се од витално значење.

Исто како и за луѓето, важи и за кучињата дека јајцата се здрави – во вистинска количина. Што значи?

„Количината на јајца погодни за хранење куче од 30 килограми е едно јајце еднаш до двапати неделно. Најдобро е јајцето да биде сирово без лушпа“, велат експертите.

Некои експерти советуваат да не се јадат сирови јајца (поради салмонела), додека други се залагаат за тоа. Факт е дека кучињата се доста отпорни на бактерии, но сепак е важно да се купуваат јајца од докажани производители. Алтернатива на сирово јајце е варено јајце – меко или тврдо, па дури и пржено.

Во храната на некои кучиња, особено кога потребата за калциум е поголема, се додаваат лушпи од јајца во нивната природна исхрана, но тоа е тема за друг пат. Јајцата во редовната исхрана на кучето имаат и „прекрасен несакан ефект“ – крзното на вашето куче ќе биде многу сјајно.

Напишете коментар

Back to top button
close