ЗАНИМЛИВОСТИ

Баба која го прослави својот 109-ти роденден ја откри тајната на нејзината долговечност: Доби специјална честитка и од кралот Чарлс III

Пензионираната учителка Олив Едвардс неодамна го прослави својот 109 роденден. Таа моментално престојува во старечки дом во Северен Јоркшир, Англија, каде за роденден ја почестиле со специјален ручек со лосос и зеленчук, а и покрај тоа што рекла дека не сака никаква роденденска забава, добила торта во форма на корпа за цвеќе.

Покрај тоа, таа доби специјална честитка од кралот Чарлс Трети.

Таа верува дека тајната на долговечноста се крие во два едноставни совети – „пијте многу вода и бидете тврдоглави“. Таа откри дека сака да вежба дури и во подоцнежните години.

„Уживав во прошетката. Кога имав 80 години, играв фудбал и крикет со моите внуци“, рекла Олив, а пренесува „Њујорк пост“.

Сега таа ги поминува деновите во читање, плетење и шиење. Олив има две ќерки, четири внуци и шест правнуци. Таа вели дека јаде три оброци на ден и дека сака лосос и аспарагус.

Интересно е што Олив не е најстариот жив човек на светот. Таа титула моментално ја има Марија Брањас Морери од Шпанија, која во јануари наполни 116 години.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close