ЗАНИМЛИВОСТИ

10 сурови вистини – како Зигмунд Фројд зборувал за човечкиот ум и душа

Зигмунд Фројд знаел длабоко да навлезе во човечкиот ум, откривајќи ги и најмрачните ќошиња на душата

Зигмунд Фројд, како основач на психоанализата, знаел длабоко да навлезе во човечкиот ум и душа. Неговиот совет што да правите ако некој сака да ве понижи и навреди и денес се прераскажуваат, а ние ви пренесуваме 10 вистини до кои дошол овој доктор:

1. Целта на животот е смртта. Човек кој е свесен за овој совет ќе покаже храброст. Најважно е да се разбере смртта.

2. Две работи помагаат за одржување на здравјето: љубов кон животот и љубов кон работата. Само затоа што ќе умреме не значи дека не треба да живееме најдобро што можеме. Нашата работа може или да ни го направи или скрши нашиот живот. Она што го правиме е многу важно бидејќи ја гради нашата личност.

3. Нашата сила е во нашата слабост. Непријателите можат да не уништат само со притискање на нашите слабости. Ако некој ги прифати неговите недостатоци, другите нема да имаат оружје со кое ќе ве уништат. Ќе станете посилни ако ги прифатите сите ваши слабости и маани.

4. Она што го сметаме за љубов не е љубов туку либидо. Тоа нема никаква врска со вистинската љубов. Тестирајте ја вашата љубов: замислете колку болка може да ви предизвика вашата сакана личност. Ако сте спремни да останете со него/неа и после тоа, тогаш тоа е вистинска љубов.

5. Луѓето се многу поморални отколку што мислат, и многу понеморални отколку што можат да замислат. Секој си го избира својот пат во животот. Каков пат и да одберете, не критикувајте ги другите затоа што тоа е понеморално од било што друго.

Зигмунд Фројд

6. Соништата се патот до несвесното. Фројд прв го сфатил значењето на соништата и почнал да ги користи во терапија. Без разлика на се, тоа е единствениот начин да знаеме што не мачи.

7. Неврозата е неможност да се поднесе неизвесност. Нашата вознемиреност за неизвесноста е едно од најтешките чувства. Но, секој реагира на тоа на различни начини.

8. Луѓето можат да се заштитат од напад, но немоќни се против комплимент. Повеќето од нас не можат да поднесуваат критики, а речиси сите тешко прифаќаме комплименти.

9. За да ја разберете жената, треба да го претворите лавиринтот во права линија. Можеби причината е тоа што мажите се предвидливи.

10. Отсекогаш сум барал доверба и сила во другите луѓе, но тоа е секогаш само во тебе. Колку помалку вашата доверба зависи од мислењето на околината, толку сте посреќни и попродуктивни.

Subscribe
Notify of
1 Коментар
Oldest
Newest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

[…] содржина е популарна компонента на теоријата на Фројд, но нема многу докази за поддршка на тезата дека […]

Back to top button
close