МАКЕДОНИЈА

Потрошувачите одбраа: Виталиа е најпознатиот бренд за здрава храна на домашниот пазар

Во текот на јубилејната, 30-та година од своето постоење, Виталиа уште еднаш ја потврди позицијата како лидер на домашниот пазар. Последното истражување на Инсајдер ИД покажа дека и во 2023 година, Виталиа бил Најпознат бренд од сегментот Здрава храна и најпрепознатлив помеѓу силната конкуренција во оваа категорија.

Vitalia Healthy food

Истражувањето на Инсајдер ИД иницира на тоа дека домашните потрошувачи одбираат производи на кои им веруваат, кои имаат добар имиџ и им се лесно достапни. Анализирани се вкупно 16 категории на производи, за кои што потрошувачите одговараа на прашањето “Кој е според Вас најпознатиот бренд во категоријата XY?”.

Со цели 30 години присуство на македонскиот пазар, Виталиа го градеше брендот и стана синоним за здрава храна кај потрошувачите. Токму тоа го потврдуваат и резултатите, односно ставот и мислењето на испитаниците, од кои 42% го одбраа името на Виталиа како најпознат бренд во оваа категорија и го потврдија доминантниот статус на компанијата помеѓу сите конкурентски брендови достапни на македонските потрошувачи.

HEALTHYFOOD TOPBRAND CERTIFICATE2023

Традиционалниот успех на брендот во овие истражувања се должи на долгогодишната лојалност на задоволните потрошувачи, кои во производите на Виталиа препознаваат сојузник на нивното здравје, кој одговара и на нивниот вкус, задоволувајќи ги потребите дури и на најделикатните потрошувачи. Преку создавање на иновативни, висококвалитетни производи од внимателно избрани состојки, Виталиа постојано го проширува своето портфолио со производи наменети за различни целни групи кои ги опфаќаат сите возрасти, нутритивни потреби и различни нивоа на физичка активност, со цел да одговори на потребите на истенчениот вкус на современиот потрошувач.

Признанието за Најпознат бренд доаѓа во година полна со големи вести за Виталиа, која неизбежно ќе биде одбележана од големиот јубилеј од цели 30 години постоење на домашниот пазар. Во оваа година компанијата промовираше повеќе нови производи, меѓу кои и иновативниот Протеински бар, кој беше официјално претставен во Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на Водно, чија реконструкција беше поддржана токму од Виталиа. Во 2023, Виталиа ја организираше и првата Детска трка на која преку 1.200 деца заедно трчаа, се забавуваа и учеа за здравите навики. Идејата е трката да прерасне во традиција и да се одржува секоја година, а тоа е само почетокот на плановите на Виталиа за годината која следува.

Виталиа им се заблагодарува на сите потрошувачи кои помагаат да се испише приказната за Најпознатиот бренд за здрава храна во Македонија. Довербата на потрошувачите е најголем мотив за Виталиа и затоа, сега и во иднина, компанијата ќе работи на тоа да ја одржи и да ја зајакне довербата на домашниот пазар, додека истовремено го зајакнува своето глобално присуство преку проширување на други пазари.

Напишете коментар

Back to top button
close