МАКЕДОНИЈА

Пантелеон ГС ќе му помогне на фудбалскиот клуб Вардар да го врати стариот сјај!

Македонската компанија Пантелеон ГС официјално информира дека станува поддржувач и на фудбалскиот клуб Вардар. Минатата недела веќе објави дека го поддржува ракометниот клуб Вардар, со што севкупно застанува зад овој наш најпрепознатлив спортски бренд.

foto

Вардар е прва асоцијација за спортот во нашата земја, најголемото име во македонскиот спорт, фудбалски клуб со голем број на навивачи, кој долги години наназад ја претставуваше нашата земја во светот на фудбалот, и со кого израснаат илјадници деца, од многу генерации.

Компанијата ја препозна напорната работа на ФК Вардар, кој вложува огромна енергија за враќање на патот на успесите, промовирајќи се како нов партнер на клубот. Во Вардар, Пантелеон ГС ги препозна истите вредности и амбиции по кои се придржува и самата компанија – квалитет, успех и стремеж да се биде најдобар. Затоа и поддршката дојде како логичен потег, со кој Пантелеон ГС сака да помогне да се врати имиџот и сјајот на овој наш вреден спортски колектив.

Клубот во изминатиот период поминуваше низ тешка состојба, што наметна потреба од поддршка за да се врати на препознатливите, победнички патишта.

„Пантелеон ГС како компанија е горда што може да се поврзе со еден од најголемите брендови во регионот. Поддршката на ФК Вардар за Пантелеон ГС е дел од корпоративната стратегија за поддршка на локалната заедница и опкружувањето во кое што работи, изјави Влатко Палчевски, Административен Директор на компанијата Пантелеон ГС.

Како домашна компанија, Пантелеон ГС е постојано активна во заедницата преку поддршка на општествено одговорни, зелени и добротворни проекти, а поврзувањето со РК и ФК Вардар е уште еден показател за заложбата на компанијата да го поддржи сето она што е вредно, а наше!

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close