КУЛТУРА

„Женски работи“ од Жан Клод Дино во режија на Маја Ѓурчевска вечерва во театарот „Чекори“

Вечерва во 20 часот на сцената на Домот на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда, театарот „Чекори“ премиерно ќе ја изведе претставата „Женски работи“ од авторот Жан Клод Дино, а во режија на Маја Ѓурчевска.

Улогите во претставата ги толкуваат Зорица Манева, Ангела Наумовска и Маја Ѓурчевска, суфлер, инспициент, тон и светло мајстор е Никола Димевски.

Делото спаѓа во жанрот црна комедија, а влезниците по цена од 100 денари можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата.

Со своето 48-годишно постоење, Театар „Чекори” е најстариот алтернативен театар во Македонија.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close